Цветаноски со одличен гол го отвори патот до големиот пресврт на Железничар во дербито во БиХ

Дерби

16/09/2025

11:19

92

Големина на фонт

а а а

Македонскиот фудбалски интернационалец, Матеј Цветаноски постигна прекрасен погодок за Железничар во драматичната и трилер победа над Борац Бања Лука во дербито во Босна и Херцеговина.

Гостите го добија првото полувреме со 2-0, па на стартот на вториот дел Матеј беше еден од играчите кој доби шанса, потег кој се покажа како полн погодок за домашниот тренер.

Се играше 83 минута кога Цветаноски доби една топка на левата страна по што се ослободи од неколку играчи, беше максимално трпелив и кога почувствува дека е вистинско време биеше мајсторски за 2-2 и ерупција на трибините.

Домаќините потоа дадоа уште еден гол за целосен пресврт и славје од 3-2.

Ова за Македонецот беше прв сезонски погодок во босанскиот шампионат.