Експертите на „Би-Би-Си“ прогнозираа кој ќе ја освои ЛШ, еден тим се издвојува

Дерби

16/09/2025

12:50

182

Големина на фонт

а а а

Од денеска започнува новата сезона во Лигата на шампионите, натпреварувачката 2025/2026 која ќе ни донесе 189 натпревари и која ќе доживеее кулминација наредниот мај за кога е закажано финалето во Будимпешта.

Актуелниот првак Пари Сен Жермен е една од 36 екипи кои ќе се обидат да дојдат до тронот во европскиот фудбал. Сезоната е долга и многу работи можат да се случат, променат и најдобар доказ минатата сезона беше токму ПСЖ кој делуваше многу лошо на почетокот, но потоа експлодираше и доминантно дојде до најзначајниот пехар во клупскиот фудбал.

„Би-Би-Си“ преку своите новинари, експерти, коментатори се обиде да даде прогноза за тоа кој ќе дојде до крајот и ќе слави во Унгарија, а според мислењето на најголем дел од нив Ливерпул е тимот кој ќе биде прв.

„Црвените“ се први пред ПСЖ и Реал Мадрид, Упсон и Ворнок пак типуваат на Барселона, додека Арсенал доби еден глас преку Волкот.