[ФОТО] Легендарната скијачка многумина не ја препознаваат: По долга пауза се појави во јавност

Точка

15/09/2025

21:09

439

Големина на фонт

а а а

Легендарната хрватска скијачка Јаница Костелиќ по долга пауза денеска се појави во јавност, откако целосно се повлече во последните години.

Костелиќ претходно беше државна секретарка за спорт, а не е видена во јавност откако стана мајка на Нова година во 2019.


Јаница денеска застана пред камерите и заедно со поранешната хрватска параолимпијка Ана Сршен (51), прославената пливачка, го претстави новото издание на проектот „Час за нас“ насочен кон поминување квалитетно време со децата.


Јаница, која сега има 43 години, значително се сменила и на многумина им е тешко да ја препознаат, а со оглед на тоа дека поминале 19 години откако заврши нејзината кариера.

Денеска, Костелиќ зборувала за важноста од поминување повеќе време со децата, како и нивно оддалечување од екраните на мобилните телефони, телевизорите и компјутерите.


Инаку, Јаница стана мајка на момче, Оскар, на почетокот на 2019 година, а во септември 2023 година доби второ дете, чиј пол сè уште не го открила.


Костелиќ е четирикратна олимписка шампионка во скијање и има освоено три Големи кристални глобуси, како и седум Мали кристални глобуси на Светското првенство во скијање.


Хрватката беше најдобра скијачка во светот во 2001, 2003 и 2006 година, а има освоено и два сребрени медали на Олимписките игри.