Армани пред смртта открил за што единствено жалел во животот: Оваа негова исповед нема да ве остави рамнодушни

Точка

15/09/2025

11:00

817

Големина на фонт

а а а

Модниот дизајнер Џорџо Армани почина на 92-годишна возраст, а во своето последно интервју пред смртта говорел за единствената желба во животот.

Во текот на интервјуто за „The Financial Times“ објавено на 29 август, споделил една работа која сакал да ја прави поразлично во текот на својата кариера.

„Не знам дали би го употребил зборот работохоличар, но напорната работа секако е клучна за успехот. Моето единствено жалење во животот беше тоа што премногу часа поминував работејќи, а премалку време со пријателите и семејството“, изјавил Армани.


Тој исто така говорел за тоа што би можело да биде следно за неговата компанија после неговата смрт.

„Моите планови за наследството се состојат од постепен пренос на одговорноста која секогаш ја давав на оние кои ми се најблиски“, изјавил тој.

Се плашел од осаменост

Армани и претходно говорел за ставање на професионалниот живот пред личниот.

„Се плашам од осаменост. Не патам од каење. Меѓутоа, кога повторно би го живеел својот живот, би настојувал да поминувам повеќе време со пријателите и семејството“, изјавил тој за „The Guardian“ во 2020 година.

Кој го наследува богатството?

Компанијата на Армани заработувала 2,7 милијарди долари годишно, а царството на Џорџо вредело повеќе од 12,1 милијарди долари, вклучувајќи облека, модни додатоци, мебел за дома, парфеми, козметика, книги, цвеќиња, па дури и чоколадо.


Извештајот на компанијата и медиумите сугерира дека меѓу наследниците на Армани е неговата сестра Росана, неговите две внуки, едниот внук, неговиот партнер и десна рака Лео дел’Орко, како и хуманитарна организација.

Овие наследници веќе се членови на управниот одбор на компанијата и наводно ќе добијат акции според статутот којшто Армани го воспоставил во 2016 година. Неговите внуки и внукот заземаат високи позиции во луксузната модна куќа.