Игор Тудор има за план да го изведе Јувентус на прав пат и да се подобри впечатокот од минатата сезона, а откако доби и доста посакувани засилувања кои самиот ги бараше, хрватскиот стручњак ќе мора да менаџира и една не толку пријатна ситуација.
Душан Влаховиќ остана во првиот тим на Јувентус и покрај инсистирањето на клубот да биде продаден, но бидејќи Србинот постигна два гола на првите два натпревари во Серија А, очекувањата се Тудор да го користи тогаш кога ќе мисли дека е потребен за тимот.
Влаховиќ како најплатен фудбалер во италијанското првенство не успеа да донесе понуда која ќе ги задоволи сите страни, па Тудор сега се обиде да објасни како се справува со српскиот голгетер кој очигледно стана доста непожелен во Торино.
– Ситуацијата со Влаховиќ е многу специфична поради договорот кој му истекува на крајот на сезоната. Не е лесно, но оваа сезона може добро да му дојде.
– Има 25 години и сè уште се гради како играч. Неговиот раст како фудбалер беше важен и тоа го направил сам. Јас како тренер, се обидувам да му давам љубов кога му е потребна, но и ќотек кога има потреба за такво нешто, – открива Тудор во интервјуто за „ДАЗН“ во кое соговорник му е Чиро Ферара.