„Влен“: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните, Фетаи на чело на Советот за конфискација

Макфакс

12/09/2025

10:07

108

Големина на фонт

а а а

„Со години, граѓаните гледаа како неколку луѓе крадат и се збогатуваат од сопствената пот, додека ДУИ чуваше стража и им обезбедуваше столче. Оваа ера е завршена“, велат од „Влен“.

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на ВЛЕН, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот. Ова е највисоката институција што ќе гарантира дека никој нема да може да го задржи имотот стекнато преку корупција и криминал.

За прв пат, Албанците го водат механизмот што им го зема имотот на крадците и го враќа за јавен интерес. Ова е разликата помеѓу оние што ги штителе криминалците и државата што денес, благодарение на ВЛЕН, им го конфискува имотот.

ДУИ/НАИ викаат за „српски свет“, но нивниот единствен свет е оној на корупцијата и нередот што го оставија зад себе во секоја општина. ВЛЕН никогаш нема да дозволи надворешни влијанија што го поткопуваат евроатлантскиот пат. Ние сме членки на НАТО и меѓународните извештаи како што е Центарот за борба против дезинформациите на Западен Балкан се сериозно предупредување за нив.

Накратко, тие врескаат за власт и бараат начин да избегаат од корупцијата што ги зафатила. Ние дејствуваме за граѓаните, ги оживуваме општините и ќе го вратиме украденото богатство на оние што му припаѓаат: граѓаните“, се додава во соопштението на „Влен“.