Принцезата Викторија од Шведска дефинитивно е жена која умее да се облече, а овој нејзин стајлинг е еден од поубавите во последно време. Истовремено класичен и сведен, а сепак привлекува внимание.
Шведското кралско семејство било присутно на официјалното отворање на Парламентот во Стокхолм, а иако главна ѕвезда на настанот бил кралот Карл Густаф, медиумите посебно внимание насочиле кон неговата наследничка.
Принцезата Викторија, позната по елегантните изданија кои ги бира непогрешливо во состав со пригодата, и овојпат изгледала отмено, а избрала стајлинг во стилот на легендарната принцеза Дајана.
Престолонаследничката на шведскиот трон пристигнала во Парламентот во црн миди фустан украсен со ситни бели точки, шик модел со ракави со ¾ должина.
Станува збор за фустан од брендот „Grta“ со појас којшто се врзува во вид на панделка и го нагласува струкот, а принцезата од Шведска овој фустан го искомбинирала со црни салонки и чанта.
Вечниот шарм на фустаните со точки
Фустаните со точки се едни од најпрепознатливите и најомилени модни дезени затоа што се класични, а делуваат навистина разиграно.
Нивната врска со принцезата Дајана која често ги носела во свечени пригоди, дополнително го зајакнала нивниот статус како симбол на елеганција и женственост.
Во текот на 80-тите и 90-тите, Дајана често бирала вакви фустани за официјални настани и приватни пригоди. Така тие станале синоним за дискретна, но впечатлива мода.