Германскиот министер за надворешни работи: Упадот со беспилотни летала во Полска покажува дека Москва е подготвена за ескалација на конфликтот

Макфакс

10/09/2025

16:19

148

Големина на фонт

а а а

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека фактот што руските беспилотни летала нелегално влегле во полскиот воздушен простор за време на нападот врз Украина покажува дека Москва е подготвена за ескалација на конфликтот, поради што НАТО мора да биде обединет и мора да следи одговор.

„Русија неодговорно прифати опасна ескалација“, рече Вадефул на прес-конференција со својот холандски колега Давид ван Вел, пренесува Ројтерс. Според него, за жал, е јасно дека дури и по три години, Москва сè уште не е подготвена сериозно да преговара за мир.

„Напротив, Кремљ сака да ја потчини Украина со сила. Ние мораме и сакаме да одговориме на тоа со јасен став“, додаде Вадефул, пренесува Танјуг.

Полските власти утрово објавија дека собориле неколку руски беспилотни летала што го нападнале полскиот воздушен простор синоќа, и дека остатоците од едно се пронајдени во близина на Лублин, додека европските претставници изјавија дека станува збор за намерен руски упад.

Портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков, изјави дека раководството на ЕУ и НАТО секојдневно ја обвинува Русија за провокации, најчесто без да се обиде да изнесе какви било аргументи, додека вршителот на должноста амбасадор на Русија во Варшава, Андреј Ордаш, изјави дека Полска не доставила докази за наводното руско потекло на беспилотните летала соборени над нејзина територија.