Мијатовиќ од самитот во Скопје: Нема успех во спортот без здрав директорски тим

Дерби

10/09/2025

13:53

279

Големина на фонт

а а а

Македонската јавност денеска може да го проследи првиот Регионален Спортски самит кој се одржува во Скопје, настан кој е прв од ваков вид во нашата земја, но и воопшто во регионот.

Спортскиот панел беше добра причина да видиме добро познати и големи спортски имиња на едно место, а еден од специјалните гости беше и легендарниот Предраг Мијатовиќ кој веќе некое време има директорска функција во Партизан.

Популарниот Пеџа го затекна Партизан во многу тешка и сложена финансиска ситуација, но денеска со своето обраќање се обиде да долови како изгледа патот кој треба да го изодат тој и неговите соработници во наредниот период.

Мијатовиќ пред излагањето, најпрво се заблагодари за поканата која ја добил од Борко Ристовски, по што се обиде да објасни колку е важно да се создаде добар директорски тим за успех на било кое спортско поле.

– Ќе се обидам да дадам свој пример од перскептива на фудбалски клуб, она што јас го работам во Партизан. Во еден клуб, многу е важно сите директори да бидат на иста бранова должина. Говорејќи за Партизан, во клубот се случија многу работи кои предизвикаа кризен период, не само од спортска гледна точка, туку и од финасиска.

– Клубот мораше да направи огромни проблеми, не само во еден сегмент, туку во сите. Тука мислам на организациски, инфраструктурен и финансиски сегмент. Доколку немате здрава група на луѓе кои немаат визија и знаење во спортот, тогаш тој пат станува залуден. Ако спортскиот сегмент функционира, а финансискиот не, проблемите повторно ќе бидат исти и нема да можеме да носиме засилувања. Ние поставивме стабила група, силна и решителна да ги прифати најтешките задачи. Секогаш сум бил оптимист, добрата работа, посветеноста и квалитетот се многу важни и тоа може да донесе напредок. Не знам колку време ќе треба, но создадовме стабилна група, имаме определено стратегија и имаме јасно зацртан пат, – порача Мијатовиќ.

Медиумски партнер на настанот кој се одржува во „Doubletree By Hilton“ е Спортското радио 90,3 фм.