Алкарас ја прослави големата титула со нова фризура

Дерби

10/09/2025

13:52

595

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас ја освои својата втора титула во Њујорк во неделното финале против Јаник Синер, па покрај тоа што вети дека ќе направи две тетоважи по повод големиот успех, сега го прослави трофејот и со нова фризура.

Шпанецот ја изненади комплетната спортска јавност кога на стартот на Ју-Ес Опен се појави без коса и речиси целосно избричена глава, а откако откри дека главен виновник за тоа е неговиот брат, најави дека има подготвено и нешто специјално доколку на крајот излезе како победник.

Алкарас освои само еден сет на патот до шестата грен слем титула и во финалето доминантно го надигра својот голем ривал Синер, па во моменти на славје, реши да и се прикажа на јавноста во поинакво светло.

Карлито од денеска е во целосно сино-руво, па останува да видиме дали ќе го задржи истиот имиџ и на следниот турнир кој ќе го игра.

За Шпанецот сега следи мала пауза, а следна негова страница ќе биде Лејвер Купот во Сан Франциско.