Синоќа, голем број руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, објави полскиот премиер Доналд Туск, додавајќи дека биле соборени беспилотните летала што претставувале директна закана.
„Синоќа, голем број руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор. Овие беспилотни летала што претставуваа директна закана беа соборени. Јас сум во постојана комуникација со генералниот секретар на НАТО и нашите сојузници“, рече Туск.