[ВИДЕО] Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Макфакс

10/09/2025

08:58

695

Големина на фонт

а а а

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.

„Распоредено е оружје и службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, соопшти Полската оперативна команда. Додаде дека е во тек воена операција и ги повика жителите да останат во своите домови. Полска е членка на НАТО, трансатлантскиот одбранбен пакт, во кој учествуваат САД и кој го применува принципот дека нападот врз еден е напад врз сите.

Новинар го праша американскиот претседател Доналд Трамп додека излегуваше од ресторан да даде коментар во врска со „навлегувањето на руските беспилотни летала во Полска“. Трамп не одговори, туку им мавна на пропалестинските демонстранти пред ресторанот. Потоа влезе во својот автомобил. Не беше јасно дали воопшто го слушнал прашањето, со оглед на гласните свиркања од демонстрантите.