Маниока, позната и како тапиока или јука, е еднo од најраспространетите растенија во тропските предели на светот. Потекнува од Јужна Америка, а денес се одгледува ширум тропските региони. Најголем производител е Нигерија.
Иако е основна храна за повеќе од 500 милиони луѓе, маниоката содржи опасни супстанции. Нејзиниот корен, лисја и кора содржат материи кои ослободуваат цијановодород.
Количината на отров зависи од видот – кај „слатките“ сорти има околу 20 милиграми цијанид по килограм, додека најгорчливите сорти можат да содржат и до 1.000 милиграми.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), труење со маниока секоја година одзема околу 200 животи. Иако тој број изгледа мал во споредба со стотиците милиони луѓе кои редовно ја јадат, ризикот останува сериозен – особено во кризни ситуации кога недостасува безбедна храна.
Правилна подготовка спасува животи
За да биде безбедна за исхрана, маниоката мора да се подготви на посебен начин. Најчесто се потопува во вода до 24 часа пред консумирање, со што значително се намалува нивото на отровни материи. Ако овој процес се прескокне, може да дојде до труење, па дури и смрт. Долгорочно консумирање на неправилно подготвена маниока е поврзано и со сериозни здравствени проблеми, како атаксија – невролошко пореметување кое влијае на рамнотежата и координацијата.
Трагичен пример е забележан во Венецуела во 2017 година, за време на големата прехранбена криза, кога очајните граѓани прибегнале кон горчливите сорти на маниока. Поради неправилна подготовка, биле забележани повеќе смртни случаи.
Храна и закана во исто време
И покрај ризиците, маниоката сè уште е незаменлива намирница за многу заедници низ тропскиот појас. Нејзината приказна покажува како човештвото научило да ги ублажува природните опасности, дури и кога станува збор за храна која во сиров облик може да биде смртоносна.
Кога се подготвува правилно, маниоката е безбедна и хранлива. Сепак, нејзината репутација како „најопасната храна на светот“ останува потсетник на важноста од знаење за тоа што внесуваме во организмот. За милиони луѓе, таа е и