Суарез доби дополнителна казна за инцидентот со плукањето

Дерби

09/09/2025

13:25

220

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Интер Мајами, Луис Суарез доби дополнителна казна за срамниот инцидент во финалето од Лига купот кога плукна член од стручниот штаб на Сиетл Саундерс.

Напаѓачот за тој негов потег доби казна од шест натпревари во Лига Купот, меѓутоа сега се јавија и „дисциплинците“ од МЛС лигата кои го санкционираа со три меча што значи дека нема да му биде на располагање на Маскерано за соочувањата со Шарлот, Сиетл и Ди-Си Јунајтед.

Добра вест за Интер Мајами е што Серхио Бускетс и Томас Авилес минаа без нови казни, па тие ќе можат да настапат на лигашките мечеви во МЛС.