Гарабаја: Спремен сум да ја доживеам атмосферата во Битола

Дерби

09/09/2025

12:28

155

Големина на фонт

а а а

Еурофарм Пелистер утре ја започнува новата сезона во Лигата на шампионите и тоа на домашен терен против хрватскиот претставик Загреб.

Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола е закажан за вечерниот термин од 20:45 часот, а домаќините водени од навивачите ќе се обидат да остварат позитивен резултат.

Ова воедно ќе биде прв меч за тренерот Рубен Гарабаја на домашен терен и тој е подготвен да ја почувствува атмосферата, поточно сам да се увери во она што многумина изминатиов период му го говореле.

- Имавме одлична претсезона и сега сите ракометари се спремни за Лигата на шампионите. Треба да го смениме мислите, го менуваме натпреварувањето и треба да знаеме каде сме во елитата. Загреб е компетитивен тим, играат одлична одбрана, посебно во средината. Треба да ја наметнеме нашата игра и да играме како што игравме во периодот на подготовки.

- Спремен сум да ја доживеам атмосферата во Битола. Сите ми кажуваа откако пристигнав и сакам навивачите да уживаат во нашата игра и да се радуваат на победа на секој наш домашен натпревар, - истакна Гарабаја.