Репрезентацијата на Грузија направи изненадување во осминафиналето на европското кошаркарско првенство и обезбеди четвртфинале со победата (80:70) над Франција.
Поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ, успеа да најде решение за амбициозните Французи и да ги одведе Грузијците до голема победа и пласман во следната рунда на евробаскетот.
Фаворитот имаше спор почеток и Грузија водеше по првиот период, имаше минимална предност на полувреме, за „триколорите“ да се вратат во третиот период и за момент да ја преземат резултатската контрола.
GOGA WITH A HUGE REJECTION 😨#EuroBasket pic.twitter.com/azWXuBMeqq
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 7, 2025
Но, Грузија имаше подобар финиш, водеше во текот на целиот последен период и на крајот стигна и до убедлива победа за место во четвртфиналето.
Шенгелија и Болдвин со по 24 поени беа најдобри поединци во победничката селекција, додека Франсиско со 14 поени ги предводеше Французите во однос на најдобрите реализатори.
Грузија сега може да се надева дури и на полуфинале, бидејќи во четвртфиналето за противник ќе ја има најголемата сензација Финска.