Полска го скрши отпорот на БиХ и закажа четвртфинале со Турција

Дерби

07/09/2025

14:00

192

Големина на фонт

а а а

Полската кошаркарска репрезентација е петтиот потврден учесник во четвртфиналето на европското кошаркарско првенство и тоа по денешната победа (80:72) над Босна и Херцеговина.

Ривалот долго имаше предност и контрола на резултатот, но Полска го презема водството во последниот период и до крајот не дозволи изненадување со балканскиот противник.

Лојд со 28 и Понитка со 19 поени ја предводеа Полска до осминафиналната победа, додека на спротивната страна Нуркиќ реализираше 20, а Роберсон 19 поени.


Полска во четвртфиналето ќе се сретне со селекцијата на Турција и ова е фактички првиот комплетиран пар за следната рунда.

Денеска осминафиналето ќе се комплетира со дуелите Франција-Грузија, Италија-Словенија и Грција-Израел.