Македонија денеска ќе брка големи и важни три бода против Лихтенштајн во квалификациската група за Светско првенство, а доколку оствариме такво нешто, ќе останеме на првото место и по овој септемвриски прозорец.
Благоја Милевски најави дека не потценува ниту еден ривал како предводник на овој тим и не најави експерименти за натпреварот против Лихтенштајн, нешто што може да се заклучи и од неговата стартна постава.
Боби се одлучи за ултра офанзивна формација и постава во систем 4-4-2, во која улога на напаѓачи ќе имаат Бојан Миовски и Александар Трајковски.
Првите 11. за Македонија 🇲🇰 против Лихтенштајн!
Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Sunday, September 7, 2025
Зад најистурените фудбалери, на крилата се Дарко Чурлинов и Елиф Елмас, а централо поставени во средниот ред се Алими и капитенот Барди.
Сосема очекувано, меѓу стативите е стандардниот Столе Димитриевски, а пред него во дефанзивната четворка се Илиевски, Алиоски, Стојчевски и Зајков.
Македонија: Димитриевски; Илиевски, Стојчевски, Зајков, Алиоски; Чурлинов, Алими, Барди, Елмас; Миовски, Трајковски