ПСЖ нема да ја памети по добро актуелната пауза за настап на националните тимови, бидејќи во рамките на истата мораше да се соочи со сериозна нефудбалска повреда на тренерот Луис Енрике и сериозни проблеми за Десире Дуе и Усман Дембеле.
Франција ја победи Украина пред два дена, но на овој квалификациски натпревар, Дембеле влезе во игра на полувремето на местото на повредениот клупски колега Дуе, за и самиот да биде принудно заменет во 81. минута од средбата.
Медиумите пренесуваат дека раководството на ПСЖ е бесно на селекторот Дидие Дешамп, кој според нив презел непотребен ризик со внесувањето на Дембеле во игра на дуелот со Украина.
Францускиот репрезентативец се пожали на повреда на последниот дуел на ПСЖ со Тулуз, па во неговиот клуб не можат да сфатат зошто Дембеле добил минутажа наместо да биде сочуван од селекторот.
ПСЖ потврди дека Дембеле има мускулна повреда и ќе паузира најмалку шест недели, што значи дека ќе ги пропушти и дуелите во ЛШ против Аталанта и Барселона, како и домашното дерби со Олимпик Марсеј.
Повредата на Дуе е од нешто полесен карактер и ќе паузира околу еден месец