Англиските фанови не се воодушевени, Тухел убеден: Одиме во вистинска насока

Дерби

07/09/2025

11:28

296

Големина на фонт

а а а

Англија вчера очекувано ја победи Андора, но играта на избраниците на Томас Тухел и резултатот 2:0, повторно не ги импресионираа англиските фанови.

„Трите лава“ не играат атрактивен и убедлив фудбал откако пристигна Германецот, а тој вели дека се уште се адаптира на животот надвор од клупскиот фудбал.

– Одиме во вистинска насока, а јас имам уште многу да учам. Репрезентациите се многу поинакви од клупскиот фудбал. Имаме уште неколку мини циклуси во кои ќе го градиме идентитетот и ќе утврдиме кои фудбалери како комуницираат на теренот меѓу себе, – рекол Тухел.

– Мене ми се допадна денешното издание против селекција која игра затворено. Веројатно го постигнавме предоцна вториот гол, ако тоа се случеше порано ќе имавме повеќе слобода да нападнеме поагресивно и да дојдеме до повисока победа. Мое мислење е дека ова издание беше подобро од тоа во јуни, – вели англискиот селектор.

Англија сега има потежок испит на гостувањето кај Србија, а натпреварот е закажан за 9. септември.