Популарна модна инфлуенсерка мистериозно исчезнала во Мексико само неколку часа откако објавила вознемирувачко видео на кое плаче нашминкана како кловн.
Последен пат била видена во понеделник
Флор Маријан Изагире Пинеда (23), попозната на социјалните мрежи како Маријан Изагире, последен пат била видена во понеделник, 1 септември, околу 18 часот во градот Уруапан, западно од Мексико Сити. На ТикТок ѕвездата, која има речиси четири милиони следбеници, оттогаш ѝ се губи секоја трага.
Вознемирувачка последна објава
Само еден ден пред нејзиното исчезнување, Изагире објави бизарно видео на своите профили на Инстаграм и ТикТок. На видеото, како што се чини таа била во парк, нашминкана како кловн и со солзи во очите ја пеела емотивната песна „Why Are You Leaving?“.
По таа објава, таа повеќе не била активна на своите платформи.
Полицијата се сомнева во криминал, обожавателите стравуваат
Властите издадоа таканаречено Алба предупредување, мексиканскиот протокол за итно лоцирање на исчезнати жени и потврдија дека веруваат дека младата инфлуенсерка „можеби е жртва на кривично дело“. Истрагата ја води канцеларијата на државниот обвинител на Мичоакан, додека загриженоста кај нејзините следбеници расте.
Нејзината последна објава беше преплавена со емотивни пораки од обожавателите. „Се надевам дека си добро и дека наскоро ќе се појавиш“, напиша еден корисник. Друг рече: „Ја нема, ја сакаме жива“, додека трет додаде: „Мора да бидеме погласни за да ја пронајдат“.
Многумина ја опишаа како топла и љубезна личност. „Искрено се надевам дека наскоро ќе ја најдат. Беше многу добра личност; секогаш беше многу љубезна кон сите“, гласеше еден коментар.
Морничава сличност со друг случај
Нејзиното исчезнување доаѓа само неколку дена по морничавата смрт на друга мексиканска инфлуенсерка, Есмералда Ферер Гарибај (32), чие тело било пронајдено завиткано во пластика во паркиран камионет во истата држава Мичоакан на 22 август. Во возилото биле пронајдени и телата на нејзиниот сопруг и двете мали деца.
Истражителите веруваат дека убиството е поврзано со наводните врски на сопругот со организираниот криминал. Иако властите официјално не ги поврзаа двата случаи, двете жени беа добро познати инфлуенсерки кои исчезнале или биле пронајдени под застрашувачки околности во истиот проблематичен регион.
Изагире неодамна ја прошири својата онлајн кариера и на музиката, објавувајќи го својот деби сингл „Boom Boom“ во јули 2023 година под името Флор Изагире. Полицијата ги повикува сите што имаат какви било информации за нејзиното местоположба да се јават, а истрагата за нејзиното исчезнување е во тек.