На Табановце уапсени двајца странски државјани, кај нив биле пронајдени бела прашкаста материја и таблети

Макфакс

26/08/2025

17:55

158

Големина на фонт

а а а

Вчера околу 19:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 32-годишниот О.Ј. од Унгарија и 37-годишниот А.Б. од Србија.

При гранична проверка и контрола во возилото „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј, а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на О.Ј. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, едно шише со бела прашкаста материја и една кутија со 31 капсули. Додека, во личниот багаж на сопатникот А.Б. биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста материја и таблети.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени сооддветни пријави.