Анчелоти изостави две големи ѕвезди од бразилскиот тим: Ако сакаат објаснување, го имаат мојот телефонски број

Дерби

26/08/2025

12:29

357

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти најави дека нема да го повика Винисиус Жуниор за септемврискиот циклус квалификации за Светското првенство, но сосема неочекувано, италијанскиот стручњак без прв повик во својата ера како бразилски селектор и натаму ги остави Родриго Гоеш и Нејмар.

Проценките беа дека двајцата ќе се најдат на списокот на повикани фудбалери за натпреварите против Чиле и Боливија, но откако тоа не се случи, доскорашниот тренер на Реал мораше да им објаснува на новинарите на што се должи ваквата негова одлука.

– Идејата за овој септемвриски циклус е да ги запознаам играчите кои се уште не сум ги запознал. Иако знам одредени според стилот на игра, сакам да видам како можат да ни помогнат во репрезентацијата.

– Има фудбалери од првиот список, сакам да ги наградам за добрите изданија и тука нема ништо чудно. Нејмар? Не го повикав бидејќи има мал проблем последнава недела, но тој е фудбалер кој нема потреба да го тестираме. Сите го знаеме Нејмар, тој ми е потребен за Светското првенство и се надевам дека дотогаш ќе биде целосно фит.

– Родриго? Родриго многу го сакам од времето во Реал, одигра добар натпревар против Овиедо и тоа беше прв натпревар за него после долго време. Сега има време да се подготви што подобро, па после ќе мислиме за враќање во репрезентацијата. За мене многу важен аспект е физичката состојба, во репрезентацијата ќе доаѓаат само оние кои се 100 проценти подготвени. Ако двајцата фудбалери сакаат објаснување од мене, можат слободно да ми се јават. Родриго го има мојот телефонски број, а мислам дека лесно може да го добие и Нејмар, – изјави Анчелоти.