Постојат сообраќајни експерти и „сообраќајни експерти“.
Експертите под наводници се склони кон интересни, но неодржливи идеи.
Во југозападниот дел на Сиднеј беше конструирана кружна раскрсница која само по дефиниција може да се нарече кружна, а во реалноста повеќе наликуваше на форма на дијамант.
Новиот кружен тек толку ги збуни возачите што властите мораа да ја вратат раскрсницата во претходна состојба само една недела по нејзиното поставување. Сè беше завршено до крајот на јули.
„Бидејќи е со таква форма, постои опасност да удрам во автомобилите што чекаат или во столб“, изјави еден возач за „Yahoo“.
Повеќе од 22.000 возила секојдневно го користат двонасочниот пат на кој беше поставен овој кружен тек, меѓу кои и 1.760 камиони. Тоа е главниот пат што ја поврзува градската населба Ливерпул со новиот аеродром.
A new (not so) roundabout in Sydney
byu/whydyousaydat inCrappyDesign