Вирц откри зошто го одбрал Ливерпул пред Баерн

Макфакс

25/08/2025

13:10

195

Големина на фонт

а а а

Флоријан Вирц го оствари рекордниот трансфер ова лето. Така и ќе остане доколку Њукасл не се согласи да му го продаде на ливерпул, Александер Исак. Ливерпул со трансферот на Вирц го урна англискиот рекорд, на Баер Леверкузен му плати 125 милиони евра.

За многумина вистински шок предизвика одлуката на Вирц да се пресели на „Енфилд“. Најмногу шокирани беа челниците на Баерн Минхен. Долго време се шпекулираше дека тлентираниот играч од редот за врска кариерата ќе ја продолжи во најтрофејниот германски клуб.

„Исто како пред пет години, кога го напуштив Келн на 16 години и отидов во Леверкузен, барав место каде што најдобро ќе можам да ги развијам моите фудбалски вештини и каде што ќе можам да станам најуспешен играч“, рече Флоријан Вирц и додаде:

„Затоа го избрав Ливерпул. Сè уште не сум се покајал. Интензивно ги истражував двата клуба, не беше лесно да донесам одлука. Но, ја донесов со 100 проценти убедување и сум среќен поради тоа.“

Тој сакаше да ја промени земјата, бидејќи верува дека тоа е поголем предизвик, дека на тој начин ќе напредува побрзо и повеќе. И како играч и како личност.

„Голем чекор е да се оди во друга земја и да се соочиш со сите промени. Исто така, да се прифати нова улога во тим со различен стил. Дефинитивно би рекол дека е поголем предизвик, свесно го избрав за да станам подобар играч.“