Ѓоковиќ одигра колку што треба за второ коло на Ју-Ес Опен

Дерби

25/08/2025

11:29

116

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ не одигра брилијантен тенис на стартот на Ју-Ес Опен, но направи доволно добри нешта за да си ја заврши домашната задача, а воедно и да се пласира во втората рунда на последниот грен слем во годината.

Лернер Тиен имаше поддршка од публиката во Њујорк и го играше најголемиот и најзначаен меч во својата досегашна кариера, но се чини дека влезе преимпресионирано во раната фаза и со своите грешки му олесни на Ноле да има лесна задача во воведниот сет.

Ѓоковиќ фуриозно дојде до 6:1 и предност од 1:0 во сетови, но работата значително се закомплицира во вториот. Иако временските услови не беа неповолни како што знае да биде во Њујорк, Ѓоковиќ имаше проблеми со движењето и дишењето во втората фаза од вториот сет, па при резултат 5:4 за Тиен, спасуваше и сет топка на свој сервис.

Ова беше клучен момент мечот да не добие поинаков тек, по што Ноле успеа да се прибере и да дојде до предност од 2:0 со добиениот тајбрејк.

Во третиот сет, Србинот повторно дојде до здив и изгледаше далеку посвежо, па со 6:2 ја заврши својата работа и се пласираше во втората рунда на Ју-Ес Опен каде ќе игра со Закари Свајда.