Ивоби ја открива тактиката: Фулам таргетирал двајца играчи на Јунајтед

Дерби

25/08/2025

11:28

133

Големина на фонт

а а а

Фулам успеа да се врати од негатива и се избори за бод против Манчестер Јунајтед, а во финишот од мечот изгледаше како тим кој е посвеж на теренот и кој е поблиску до втор гол и победа.

Тимот од Лондон успеа да се консолидира по примениот гол и покажа истрајност во намерата да пронајде „дупка“ во одбраната на Јунајтед, тим кој реши целосно да се повлече и да се брани откако поведе на семафорот.

Фулам профитираше од една грешка на противникот и од високиот пресинг на противничката половина, а Алекс Ивоби по крајот на натпреварот откри дека тактиката на менаџерот Марко Силва била да се таргетираат Бруно Фернандеш и Касемиро како фудбалери кои оставаат простор за игра зад својот грб.

– Денеска би ја издвоил отпорноста која ја покажавме за да се вратиме во игра. Знаев дека можеме да направиме разлика со играчите кои ќе влезат од клупа. Подобро е да освоите бод, отколку да загубите. Освоивме добар бод против добар тим.

– Знаевме дека ќе можеме да трчаме зад нивните двајца централни играчи за врска и знаевме дека во таква ситуација стоперите ќе ја напуштат својата позиција. Овојпат имавме корист од тоа и успеавме да освоиме бод, – изјави Ивоби кој беше асистент при израмнувачкиот гол на Смит Роу.