Наставничка од Дисбург 16 година била на боледување и примала плата: Судот дури неодамна одлучи дека мора на преглед

Точка

22/08/2025

20:40

522

Големина на фонт

а а а

Наставничка во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија е на боледување 16 години и прима целосна плата, но неодамна Врховниот суд пресуди дека е готово со тоа и дека таа мора да се подложи на лекарски преглед, објавија вчера германските медиуми.

Наставничката од Дисбург не работела од 2009 година и не држела ниту еден час, но и покрај тоа, таа примала плата од месец во месец, пренесе Билд.

Таа континуирано го продолжувала боледувањето поради ментални проблеми.

Во текот на сите тие години, наставничката посетила лекар само еднаш, а причината за тоа била што покраината Северна Рајна-Вестфалија не издала соодветен налог.

Кога конечно ѝ било наредено да оди на преглед во април оваа година, таа се обидела да го избегне тоа и поднела жалба во која навела дека по 16 години долга болест што ја оневозможувала да работи, налогот „веќе не е разбирлив“.

Сепак, Управниот суд во Дизелдорф ја отфрлил нејзината жалба, а таа одлука била поддржана од Врховниот суд на 12 август.

Сега лекарите треба да утврдат дали наставничката навистина не е способна за работа, а во тој случај нема да прима целосната плата, туку намалена пензија и ќе мора сама да ги сноси трошоците за постапката, пренесе Билд.