Три години во кома: Принцезата која беше надежта на Тајланд сега се бори за живот далеку од очите на јавноста

Точка

22/08/2025

19:18

731

Големина на фонт

а а а

Принцезата Бајракитијаба Махидол, која важеше за главна кандидатка да го наследи својот татко, кралот Рама Десетти, веќе три години лежи во кома поради срцеви проблеми.

Нејзината судбина се променила на 14 декември 2022 година, кога за време на воена обука колабирала додека ги шетала своите кучиња. Принцезата била итно пренесена во болницата „Чулапонгкорн“ во Бангкок, каде што и денес се наоѓа, без да се разбуди од комата.


Бајракитијаба била сметана за најсериозна наследничка на престолот, со оглед дека единствениот син на кралот, принцот Дипанкорн, наводно боледува од аутизам.

Образована е во Соединетите Американски Држави и во Обединетото Кралство, каде што дипломирала право и дипломатија. Својата кариера ја градела како амбасадор во Австрија, Словачка и Словенија, а потоа се вратила во Тајланд и станала дел од државното обвинителство.


Таа беше и една од водечките фигури во воведувањето на правилата на Обединетите нации познати како „Банкок правила“, кои имаат цел да обезбедат подобри услови за жените во затворите.


Во текот на трите години додека се наоѓа во кома, кралското семејство ретко споделувало информации за нејзината здравствена состојба. Дури на 15 август 2025 година јавноста дозна дека принцезата добила тешка инфекција на крвотокот. Лекарите ја лекувале со антибиотици, додека истовремено се бореле да ѝ го стабилизираат крвниот притисок.


Принцезата Бајракитијаба остана неомажена, а јавноста тоа го поврзувала со нејзината посветеност на јавната служба и семејните обврски. Сепак, таа важела за симбол на надеж и прва жена која можела да седне на тајландскиот престол во модерното доба.