[ФОТО] Се појави на социјалните мрежи – Кинезите го „клонираа“ американскиот "S-97 Raider"

Точка

22/08/2025

19:53

587

Големина на фонт

а а а

Со откривање на уште една ново воено летало – хеликоптер со сложен погон – Кина покажа дека не се откажува од старата пракса: копирање на туѓа технологија.

Нови фотографии од прототипот

Оваа година се појавија првите фотографии од кинеско летало со подвижен ротор (tiltrotor), а на 21 август на социјалните мрежи беа објавени и слики за кои се верува дека прикажуваат прв кинески хеликоптер со сложен погон. Додека снимките на "tiltrotor"-от излегоа во април 2025 година на "Weibo", фотографиите на новиот хеликоптер се појавија на платформата "X".

Хеликоптерот се истакнува со два коаксијални, спротивно ротирачки четирикраки главни ротори во комбинација со потисен пропелер на опашката. Неговиот тенок труп силно потсетува на американскиот "Sikorsky S-97 Raider", кој произлезе од технолошкиот демонстратор "X2", пренесува "The Aviationist".


Дизајн и детали

Кинескиот прототип има забележлива испакнатина на десната страна која се протега од осовината на роторот кон издувниот отвор на моторот, иако квалитетот на фотографијата не дозволува целосен увид дали има кабински просторзад стојниот трап. Стојниот трап изгледа како да е вовлечен преку систем сместен зад пилотската кабина, додека површините кај опашката и задното поставено тркало упатуваат на напреден аеродинамички дизајн.

Аналитички осврти и споредби со "S-97 Raider"

Според експертите за воздухопловство Андреас Рупрехт и Рик Џо, новиот кинески хеликоптер најверојатно е демонстраторска платформа. Џо наведува дека станува збор за мал или среден технолошки демонстратор за конфигурации на идни генерации хеликоптери, слични на американската програма "Future Vertical Lift" (FVL). Тој дополнително претпоставува дека хеликоптерот е развиен во "Chengdu Aircraft Industry Group" (CAIG) – дел од државната "Aviation Industry Corporation of China" (AVIC) – додека претходниот "tiltrotor" се припишува на "Hafei Aviation Industry", подружница на "Harbin Aircraft Industry Group" (HAIG).

Американскиот "Sikorsky Raider" и неговиот претходник "X2" се најблиску до новиот кинески модел, а порталот "The War Zone" го нарече директен „клон“ на "S-97 Raider". Развиен од 2005 година, "X2" го воведе концептот „Advancing Blade“, истражуван уште од 1970-тите. Спротивно ротирачките крути ротори, композитните материјали, "fly-by-wire" системите и потисниот пропелер овозможија да се надминат претходните ограничувања во отпорот и брзината. Резултатот беше "S-97 Raider", наменет за американската програма "Future Attack Reconnaissance Aircraft" (FARA), кој покажа брзини и маневрабилност далеку над традиционалните хеликоптери.


Стратешки контекст

Иако американската програма "Future Vertical Lift" на крај го избра "tiltrotor"-от "Bell V-280 Valor" наместо хеликоптерите со сложен погон, фактот дека Кина паралелно претстави и "tiltrotor" и хеликоптер со сложен погон јасно укажува дека и кинеската армија активно истражува вакви напредни конфигурации.

Овие технологии носат значителни предности – поголем дострел и брзина во транспортот на војници или логистичка поддршка. Тоа е особено важно во контекст на растечките амбиции на кинеската морнарица за операции на отворено море.