Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, сè уште одговараат на прашањата на новинарите во Белата куќа.
„Ќе имаме состанок. Ако сè оди добро денес, ќе имаме трилатерален состанок и мислам дека постои разумна шанса тогаш да ја завршиме војната.“, рече Трамп.
Претседателот на САД, исто така се осврна на можна трилатерална средба меѓу него, Зеленски и Владимир Путин.
Тој додаде дека никогаш не може однапред да каже дали таа средба ќе значи крај на војната.
Зеленски рече дека е подготвен за трилатерален состанок и додаде дека би било многу добро да се одржи.