Американец кој веќе отслужува четири доживотни казни ја убил сопругата за време на посетата во затвор

Макфакс

18/08/2025

08:14

2.014

Големина на фонт

а а а

Затвореник кој отслужува четири доживотни затворски казни е обвинет за убиство на својата сопруга, која починала за време на ноќна посета во затворот, објави UNILAD.

Американецот од Калифорнија, Дејвид Бринсон (54) беше осуден за четири обвиненија за убиство во 1993 година затоа што убил четворица мажи за време на грабеж. Во ноември минатата година, Бринсон бил посетен во затвор од неговата сопруга, Стефани Дајан Дауелс. Дауелс (62), била фризерка која живеела во Инглвуд, Калифорнија, со својот син и неговото семејство.

Сопругата го посетиле Бринсон вечерта на 13 ноември. Кратко пред 2 часот наутро, тој ги повикал затворските службеници во државниот затвор Мул Крик за да пријави дека неговата сопруга се онесвестила. За жал, и покрај обидите да го спасат нејзиниот живот, Дауелс била прогласена за мртва во 2:51 часот наутро, соопштија затворските службеници.

Откриле дека таа била задавена. Службениците сега го обвинија Бринсон за убиство, изјави окружниот обвинител на округот Амадор, Тод Рибе, за „Пипл“. Адвокатот на семејството, Мајкл Опенхајмер, издаде соопштение за медиумите.

„Иако ништо не може да ја врати Стефани во нејзиното семејство, ова е првиот чекор кон остварување на правдата. Ова беше брутално убиство и му благодариме на окружниот обвинител што го направи правилното. Ова и другите убиства никогаш не требаше да се случат и државата Калифорнија можеше да ги спречи“, рече тој.

Синот на жртвата, Арманд Торес, и неговата сопруга, Натали Хименез, рекоа дека сведоштво на Бринсон за настаните се променило во деновите по смртта на неговата сопруга. „Тој збореше дека таа била во несвест на подот, а потоа била во несвест на креветот“, рече Хименез. Сите обвиненија се засноваат на затворски извештаи и резултати од обдукција. Бринсон треба да биде изведен пред суд на 19 септември и сè уште не се изјаснил за обвиненијата.


Ова не е прв ваков случај

Калифорнискиот затворски систем наведува на својата веб-страница дека некои затвореници имаат право на семејни посети, кои се одржуваат во посебни станови на територијата на затворот. Посетите можат да траат од 30 до 40 часа.

„Семејните посети се привилегија, а затворениците мора да аплицираат и да ги исполнат строгите услови за да им бидат одобрени. Се земаат предвид само затворениците кои континуирано покажуваат добро однесување и ги исполнуваат специфичните барања на програмата“, рече портпаролот на затворот.

Сепак, ова е втора ваква смрт во државниот затвор Мул Крик во 2024 година. Во јули, 47-годишната Тања Томас беше пронајдена во несвест додека го посетуваше својот партнер, Ентони Кари. Кари подоцна беше обвинет за убиство, но се изјасни за невин.