Луѓето од Балканот откриваат колку пари им се доволни за летување и регионот одеднаш замолкна: „Ова станува неиздржливо...“

Точка

18/08/2025

20:49

1.032

Големина на фонт

а а а

Летото во Хрватска отсекогаш значело едно – сонце, море и туристи на секој чекор. Сезоната повторно е во полн ек и сѐ делува познато и очекувано: метеж, полни тераси, колони кон плажите...

Има сѐ повеќе луѓе кои „одбиваат“ летување, не поради времето, метежот или квалитетот на услугата, туку поради цените кои како што многумина велат, се превисоки.

Од сместување и јадења во рестораните до основни потреби, сѐ е прескапо. Токму поради тоа чувство, на „Редит“ деновиве се вовела дебата: колку е „нормално“ да потрошите за годишен одмор?


Еден корисник на „Редит“ ја отворил темата со зборовите: „Ајде да кажеме дека имаме едно просечно семејство. Две деца. Родителите вработени. Едно летување, назима нешто „поситно“, некој излет, занемарливо. Приходот на родителите просечен, малку под 3.000 евра. Семејство без кредит, без дополнителни приходи, во сопствен стан. Колку според вас е „нормално“ да потрошите? Две плати, околу 3.000 евра за летување? (со оглед на цените, повеќе не знам што да мислам, сѐ е лудо скапо)“.

Еден од корисниците им одговорил: „Нормално е да потрошите колку можете, а да не се задолжувате, не земаш од некој црн фонд или некое штедење“.

„Нормално“ е надвор од Хрватска

На тоа авторот му одговорил: „Парите не се проблем. Имам заштедени пари. Ме интересира мислењето на другите, колку е „нормално“? Исто како кога ќе прашаш некој – колку пари даваш кога одиш на свадба“.

„Доколку сакаш нормални цени можеш да одиш надвор од Хрватска. Мои пријатели отидоа во Грција затоа што пресметале дека им е поевтино (вклучувајќи ги и летовите за таму и назад), седум дена во Грција колку пет дена во Хрватска. Значи, тоа „нормално“ зависи од вас: каде ќе отидете и колку ќе потрошите. Зависи од земјата и од регионот, прашањето не е толку едноставно“, напишал некој Хрват.


„Ова станува неиздржливо“

Сите зборуваат за сезоната и заработката, а во Хрватска се случува нешто опасно: „Ова станува неиздржливо“.

„Според мене 2.000 до 3.000 евра е целосно нормално доколку можеш да си дозволиш. Сѐ е вклучено, сместување, превоз, храна, забава. Помалку пари ти се потребни доколку немаш деца“, напишал некој корисник.

Друг додал: „Еве, 3.000 евра за две недели. Сопругата, две деца и јас. Ќе потрошевме помалку доколку не бевме во хотел, помалку да јадевме во ресторани, помалку сладолед. Но, одмор е одмор кога ќе се опуштиш“.