[ВО ЖИВО] Eвропските лидери стигнаа во Вашингтон, почнува средбата меѓу Трамп и Зеленски

Макфакс

18/08/2025

19:32

158

Големина на фонт

а а а

Претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп повторно се сретнаa лице в лице во Вашингтон.

Тоа e нивна четврта средба во живо оваа година, и секоја од нив досега беше посебна на свој начин.

Претходно челниците на ЕУ и НАТО стигнаа во Белата куќа. Се очекува сите да се состанат по средбата меѓу Трамп и Зеленски.

Во Вашингтон стигнаа претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, првиот човек на НАТО, Марк Руте, претседателот на Фрација, Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стамер, како и премиерката на Италија, Џорџа Мелони.