Повеќе од 300 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа

Макфакс

18/08/2025

15:52

101

Големина на фонт

а а а

Околу 320 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа преку премините Керем Шалом и Зиким, објави денес Израелскиот Оддел за координација на владини активности (COGAT).

COGAT, исто така, објави дека цистерни со гориво од Обединетите нации влегле во Појасот Газа во неделата, со цел да се обезбеди „функционирање на основните хуманитарни системи“, објавува Times of Israel.

Според израелската армија, вчера уште 161 палета со помош беа фрлени од воздух во Газа од Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Германија, Белгија, Франција, Италија, Холандија, Данска и Индонезија, при што секоја палета содржеше околу еден тон храна.

Слични количини на испораки на помош беа пријавени секојдневно речиси цела измината недела.

ООН објави дека 600 камиони со помош треба да се дистрибуираат секој ден за правилно да се нахранат приближно двата милиони жители на Газа.