Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Макфакс

18/08/2025

07:59

172

Големина на фонт

а а а

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време (19:15 часот по македонско време) во Белата куќа, извести Белата куќа во соопштение за медиумите во недела. Трамп ќе учествува на мултилатерален состанок со европските лидери кои исто така пристигнуваат во Вашингтон, во 15:00 часот по локално време.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон изјави дека се надева оти „заедничките сили“ на Украина со американските и европските колеги ќе ја принудат Русија да склучи мир.

„Благодарен сум на претседателот на Соединетите Американски Држави за поканата. Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, по пристигнувањето во Вашингтон.

„И се надевам дека нашите заеднички сили со Америка и нашите европски пријатели ќе ја принудат Русија да склучи вистински мир“, рече тој.