[ВИДЕО] Човек сними опасно возење на автопатот кај Ниш: „Убиец“ во скап автомобил прелетува со брзина на светлината!

Точка

15/08/2025

14:21

1.593

Големина на фонт

а а а

Јавноста повторно е згрозена од нов пример на опасно однесување во сообраќајот – овојпат на автопатот Белград – Ниш.

Како што се гледа на видеото објавено на Instagram страницата „Beograd info“, возило со црна боја, марка „Volkswagen“, се движело во спротивна насока, и тоа по брзата лента.

Според информации од луѓе запознаени со содржината на снимката, сè се случило на делницата меѓу Ниш и Врање.

Не смее ни да се замисли што би се случило доколку возач кој легално се движел по својата траса се престроел на лентата по која, во спротивна насока, возел овој неодговорен поединец.


Коментарите под објавата се исполнети со гнев и револт:

• „Оди по спротивната лента и уште се осмелува да вози со полна брзина.“

• „Најлошо е што некој недолжен поради вакви манијаци може да го загуби животот … Само доживотна забрана за управување возило.“

• „Повеќе ми личи на предизвик или облог, бидејќи ова е чисто лудило.“

Следбениците на страницата дискутираа и за тоа какво казнено решение би било најсоодветно, а еден од нив предложи интересно решение:

„Зошто да не се постават ’чешли‘ за спротивен правец на наплатните рампи? На пример, во Истанбул ги има насекаде. Ако не знаеме сами да смислиме, можеме да прашаме …“