Нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Макфакс

24/06/2026

07:43

439

Големина на фонт

а а а

Денеска под влијание на циклон од југоисток се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со услови за краткотрајно невреме, особено во Скопје. Од викендот времето ќе биде сончево и топло.

Под влијание на циклонска активност од југоисток денеска ќе имаме нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Утре и во петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.