Од Србија екстрадиран 19-годишникот кој прегази жена во Капиштец, определен му е притвор

Макфакс

24/06/2026

18:50

791

Големина на фонт

а а а

Од Србија е екстрадиран 19-годишник од Скопје поради кривични дела поврзани со сообраќајна незгода, а му е определена мерка притвор и е предаден во затворот во Скопје.

Денеска (24.06.2026) од Република Србија во нашата земја екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје, соопшти МВР.

Тој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година.

На лицето, информираат од полицијата, му е определена мерка притвор и истиот е предаден во Затвор Скопје за понатамошна постапка.