Германски советник-заговорник на разоглавено однесување, познат како „најлудиот советник“ во земјата, предложил организирање секс-забави во Градското собрание, во рамките на напорите градот да го претвори во „рај за свингери“.
Џулијан Ферат (35), кој е советник во индустрискиот град Манхајм како член на либералната партија „Die Mannheimer“ (Ди Манхајмер), сака градот да го претвори во засолниште за неограничен групен секс, пренесе „Њујорк пост“.
Ферат, познат по тоа што посетува нудистички одморалишта и позира оскудно облечен на бизарни фотографии, го претставил својот план наменет за возрасни на неодамнешна седница на градското тело со кое раководи конзервативната Христијанско-демократска унија.

„Групниот секс со членови на Градскиот совет би бил врв на блискоста со граѓаните“, рекол тој, истакнувајќи дека не постојат закони што забрануваат свингерски забави во Градското собрание.
Тој тврди дека неговиот неконвенционален предлог веќе привлекол интерес кај околу 50 локални жители со отворени сфаќања, но најпрвин мора да се соочи со сериозен предизвик – да добие дозвола од Градскиот совет.
„Во овој момент фокусот е на утврдување кој од граѓаните што ме контактирале навистина е заинтересиран“, рекол тој за „Телеграф“, а пренесе „Њујрок пост“.
„Некои од 50-те луѓе кои ме контактираа се дел од локалната свингерска заедница, па затоа се ’легитимни‘. Некои сè уште не ги познавам … Оваа недела ќе почнам лично да се среќавам со ’непознатите‘ луѓе“, рекол тој.

Целта му е „отстранување на стигмата“
Ферат истакнал дека првиот дел од неговата двојна цел е отстранување на стигмата од свингерската култура, додека вториот целосно се однесува на „промовирање на мојата визија за нудистички свингерски рај во Манхајм, сличен на Кап д’Агд“, француското нудистичко одморалиште во кое минатата година организирал едукативно патување со 28 учесници, наведува „Торното Сан“.
„Поврзувањето на нудизмот и свингерството е причината поради која нудистичкото одморалиште во Кап д’Агд работи многу добро во споредба со другите нудистички одморалишта. Нудистичкиот туризам е во опаѓање, но свингерскиот туризам расте“, објаснил тој.

Меѓутоа неговата крајна цел е Манхајм да го рекламира како „помлада сестра на Кап д’Агд“, за што верува дека на градот би му донело „дополнителни приходи во градската каса, без да ги оптоварува граѓаните со зголемување на даноците или таксите“.
Сепак официјални лица од Манхајм рекле дека имаат „сериозни сомневања во однос на дозволеноста и изводливоста“.
Но ниту овие, ниту другите можни пречки не го обесхрабруваат, па Ферат инсистира:
„Мојата политичка свингерска забава дефинитивно ќе се одржи“, заклучил тој.
Фото: Телеграф, Њујорк пост









