Драматични сцени биле снимени за време на потера по крадец на автомобил во Квинс, што резултирало со тоа што и полицијата и крадецот завршиле во вода. Неверојатната потера била снимена од камера на униформата на еден од двајцата њујоршки полицајци кои учествувале во неа.
Видеото започнува со 24-годишниот Метју Свафорд кој бега од полицијата трчајќи долж пристаништето и скокајќи во водата, и покрај повиците на полицајката веднаш да застане.
Меѓутоа, 24-годишниот маж не само што не застанал, туку скокнал во водата, по што полицајката ја соблекла опремата и исто така скокнала во вода, додека нејзиниот колега повикал помош преку радиоврска. Како што може да се види на снимката, 24-годишникот се обидел да ја удави полицајката која ја зграпчил и потопил во вода. Неговиот потег предизвика реакција од друго униформирано лице кое исто така скокна во водата, што резултирало со апсење на осомничениот.
„Дали сето ова беше поради еден украден автомобил?“ Полицајката го прашала Свафорд, а тој одговорил „Да, знам, беше глупаво“. „Осомничениот крадец на автомобил се обиде да избега скокајќи во водата. Тој не сметал дека посветените полицајци на@NYPD101Pct без двоумење ќе тргнат во потера, ставајќи ја должноста пред опасноста. Нивната брза акција безбедно ја заврши потерата, а осомничениот беше извлечен на брегот и уапсен“, се вели во соопштението на NYPD.
Свафорд бил предаден на обвинителството под обвинение за незаконско поседување украден имот, обид за фалсификување на идентификација на возило, незаконска употреба на возило, попречување на службена должност и отпор кон полицијата.
Се покажало дека 24-годишникот и претходно бил апсен, на 29 јуни, кога полицијата пронашла две украдени возила – мотоцикл „Кавасаки“ од 2018 година и автомобил „Хонда Сивик“ од 2017 година, додека истото се случило и на 22 април кога бил уапсен за кражба на уште три возила – Хонда седан, Хонда минивен и БМВ седан.