На Светското првенство ќе важи правило што ФИФА го укина во 2006 година

Точка

06/12/2025

17:20

376

Големина на фонт

а а а

Кровната светска фудбалска федерација ФИФА одлучи за претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико да го врати во сила правилото кое беше укинато во 2006 година.

Имено, ФИФА по ждрепката за групната фаза на Мундијалот ги соопшти правилата на натпреварувањето, а важната промена се однесува на бодувањето во групната фаза.

Во последните дваесет години ФИФА повеќе ја вреднуваше гол-разликата во однос на меѓусебниот скор, но сега тоа ќе се промени и ќе се врати старото правило.

Правилото сега гласи: доколку две селекции на крајот од групната фаза имаат ист број бодови, предност ќе има селекцијата која во меѓусебниот дуел била поуспешна од ривалот со кој е бодовно израмнета.


Дури во случај меѓусебниот натпревар да заврши нерешено, ќе се гледа каква гол-разлика имаат селекциите во целата групна фаза.

Со ова, ФИФА сака да спречи ситуации во кои најсилните селекции во светот би ја подобрувале својата гол-разлика против значително послабите ривали во групата и на тој начин би стекнале неправедна предност во однос на конкурентите.

Да потсетиме, вчера во Вашингтон беа извлечени групите за Светското првенство, кои во групната фаза ќе бидат вкупно 12.

Двете првопласирани селекции од секоја група директно одат во осминафинале, каде што ќе им се придружат и осумте најдобри третопласирани.