УНИБанка АД Скопје ќе изврши четврта емисија на перпетуални обврзници. Инвеститорите добиваат добра опција за вложување!

Точка

12/08/2025

11:00

205

Големина на фонт

а а а

УНИБанка АД Скопје ќе изврши четврта емисија на перпетуални обврзници по пат на приватна понуда, по добиеното одобрување од Комисијата за хартии од вредност на Република С.Македонија.

Ќе бидат издадени 5.000 перпетуални обврзници со поединечна номинална вредност од 1.000 евра и вкупна номинална вредност од 5.000.000 евра. Обврзниците ќе имаат фиксна каматна стапка 6% на годишно ниво, а која ќе се исплаќа полугодишно на секој шест месеци.

Со издавањето на овој капитален финансиски инструмент, Банката дополнително ќе го зголеми потенцијалот за кредитна поддршка на своите клиенти, правни и физички лица кои имаат потреба од средства.

Обврзниците немаат рок на доспевање, а каматата ќе се исплаќа од добивката на Банката расположлива за распределба.

За инвеститорите можноста да се поседува перпетуални обврзници од УНИБанка АД Скопје претставува можност да се оствари соодветен годишен принос на инвестираните средства, а притоа како иматели на обврзници да имаат приоритет во исплатата на добивка во однос на имателите на акционерски капитал на банката. За пазарот на капитал, издавањето на оваа обврзница претставува збогатување на понудата на инвестициски можности, додека за УНИБанка АД Скопје претставува значаен придонес кон успешен и просперитетен финансиски систем.

100% од емисијата е за познати купувачи, а за перпетуалните обврзници не постојат ограничувања и со нив може да се тргува на секундарниот пазар на хартии од вредност откако ќе бидат официјално котирани на Македонска берза

УНИБанка АД Скопје и во 2025 година продолжи со стабилни и позитивни финансиски резултати, реализирајќи добивка од 3,3 милиони евра (203 милиони денари) во првото полугодие од 2025 година. Акциите на УНИБанка АД Скопје веќе неколку години се меѓу најатрактивните акции на пазарот, што е потврда за стабилноста и сигурноста на Банката, на довербата која ја ужива во земјава од акционерите и инвеститорите, како и од штедачите и деловните субјекти. Сигнал за инвеститорите дека и во иднина вреди да бидат дел од УНИБанка АД Скопје е нејзиниот доследен раст, стабилното работење и исплатливите резултати, кои укажуваат на сигурна и перспективна иднина.

Комерцијален текст