Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува, утрово пожарите повторно се разгореа, а над Петровац беа снимени вознемирувачки сцени, кои сведочат за обемот на катастрофата
На социјалните мрежи се појави видео од познатата плажа во Петровац, која е обвиткана во густ чад.
Од 11 август 2025 година Црна Гора се соочува со разорни шумски пожари на неколку локации. Најкритична ситуација е забележана помеѓу Буљарица и Чањ, каде што пожарот, предизвикан од запален автомобил на автопатот во местото Куфин, зафаќа густа вегетација и се шири со голема брзина под влијание на силни северни ветрови.
Во Чањ избувна огромен пожар, а густ чад се ширеше и кон плажите. На утринските снимки може да се видат луѓе како седат под лежалки и чадори или дури и пливаат, а во задина се издига густ облак од чад.
Пожарот се проширил во Бар, а камерите покажаа драматични сцени од гаснење на пожарот од воздух над Буљарица.