Познатиот тенисер Рафаел Надал и неговата сопруга Марија Франциска Перељо го потврдија раѓањето на нивното второ дете.
Овој пар веќе има син кого го крстија Рафаел Надал помладиот и тој веќе има три години. Според странските медиуми, тие не биле премногу оригинални кога станува зборот за избор на име за второто дете.
Имено тие го крстиле својот втор син Микел, што е многу вообичаено име во Шпанија, но за нив има силна симболика со оглед на тоа што тоа било името на таткото на Марија, кој неодамна починал.
Веста за втората бременост на Марија не беше толку следена како првата, па самото породување помина без големо медиумско внимание. Инаку таа и Рафаел се познати по тоа што ја чуваат својата приватност за себе и не сакаат да откриваат премногу во јавноста.
Надал првпат беше виден со Марија во 2006 година, кога почнаа да се забавуваат, а свадбата се случи дури 13 години подоцна, во 2019 година.