Роботакси управувано од компанијата „Baidu Apollo Go“ падна во длабока ископина на градилиште во Кина додека во него имало патничка, објавија медиумите.
Инцидентот се случил во Чонгкинг, пренесоа локалните весници. Патничката, која останала неповредена, била извлечена од јамата со помош на скали од страна на граѓаните.
Сопственикот на блиска продавница изјави дека јамата била оградена и имало предупредувања, па останува нејасно како роботаксито успеало да помине.
„Baidu“ управува со најголемата флота на роботаксија во Кина, вклучително во Пекинг, Вухан и Чонгкинг.
Компанијата се стреми кон глобална експанзија, па неодамна потпиша партнерски договори со „Uber“ и „Lyft“.