[ВИДЕО] Објавена снимката: Една од најбрзите жени во светот го нападнала партнерот, тој одби да ја тужи

Точка

08/08/2025

14:33

1.252

Големина на фонт

а а а

Познатата американска спринтерка Ша’Кари Ричардсон неодамна била уапсена на меѓународниот аеродром во Сиетл, Такома, по инцидентот со нејзиното момче, спринтерот Кристијан Колман, а сега се појави и снимка од настанот.

Според полицискиот извештај од полициската управа на Сиетл, Ричардсон и Колман се расправале на контролниот пункт на аеродромот.

Во таа прилика, американската атлетичарка повеќе пати го туркала и удирала своето момче, со кое е во врска две години, а снимката од надзорната камера ексклузивно ја објави „Дејли мејл“.

Олимписката шампионка во штафетата 4×100 метри со тимот на Соединетите Американски Држави од Париз морала да помине 19 часа во поправниот дом „Скор Саут“, откако била снимена како го удира своето момче.

Прекршокот беше класификуван како семејно насилство од четврти степен. Меѓутоа нејзиното момче, повеќекратниот светски шампион, одби да поднесе тужба и со тоа ја спасил од построга казна.


На Олимписките игри во Париз, Ша’Кари освои злато во штафетата со тимот на САД и сребро во поединечна конкуренција. Таа е повеќекратна освојувачка на медали од светски првенства.


Од друга страна, Колман е петкратен светски шампион.