Свети Николе стана третото светло на мапата на надежта, добивајќи мини пич терен, донација од компанијата Mozzart, во рамки на акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“. Оваа иницијатива не е само за спорт, туку за соништа, за младите кои со топка во нозете го бараат својот пат кон иднината.
Приказната започна покрај езерото во Охрид, продолжи низ срцето на Велес, и сега, со топлина и гордост, завршува во Свети Николе. Но ова не е крај — ова е само почеток на нешто поголемо.
Трите нови терени ќе бидат места каде ќе се раѓаат идните македонски фудбалски ѕвезди, каде детските соништа ќе добиваат крилја, а секој удар по топката ќе носи надеж.
Новиот терен во Свети Николе гордо ќе го носи името на легендата Бобан Бабунски — симбол на македонскиот фудбал и инспирација за генерации.
„Вистинска чест и задоволство ми е што овој терен ќе го носи моето име. Ова е навистина прекрасна акција на Mozzart, преку која се буди љубовта кон спортот и се создаваат нови успешни приказни. Се надевам дека и други компании ќе го следат овој пример“, изјави Бабунски.
Првите кои ја почувствуваа магијата на новиот терен беа младите фудбалери од ФК Овче Поле, кои одиграа натпревар со хуманитарна цел — собраните средства беа наменети за Центарот за социјална работа во Свети Николе. Фудбалот, уште еднаш, покажа дека може да биде мост меѓу срцата.
„Ова е третиот и последен мини пич терен што го отвораме оваа година. Акцијата Фудбалот е повеќе од игра се покажа како многу успешна, и веќе добиваме нови барања. Започнавме од Охрид, продолживме во Велес и завршуваме во Свети Николе — но оваа приказна само што започна. Следната година нè очекуваат нови проекти. Продолжуваме да создаваме можности за младите спортисти“, рече Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Акцијата која започна во Србија, годинава доби своја македонска верзија и со секој нов терен, Mozzart ја потврдува својата посветеност кон спортот, младите и иднината.