Ѓорческа обезбеди полуфинале во Куршумлијска Бања

Дерби

08/08/2025

13:45

114

Големина на фонт

а а а

Лина Ѓорческа оствари рутинска победа во четвртфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања, победувајќи ја Ксенија Зајцева во два сета и нешто повеќе од деведесет минути на теренот.

Македонската тенисерка како седма носителка беше фаворит во ова соочување, а го оправда статусот со сигурен настап во двата сета.

Ѓорческа експресно поведе откако го доби првиот сет со 6:1, а во вториот противничката освои гејм повеќе за вкупно 2:0 во корист на нашата најдобра тенисерка.

Во следната полуфинална рунда, Лина ќе се соочи со подобрата тенисерка од дуелот на Астахова од Русија и Куламбајева од Казахстан.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Глушкова од Бугарија и подобрата од дуелот меѓу Ристиќ и првата носителка Булгару.