Јунајтед и Лајпциг го договориле трансферот на Шешко

Макфакс

07/08/2025

18:13

406

Големина на фонт

а а а

Бенјамин Шешко (22) наскоро ќе стане нов играч на Манчестер јунајтед, објави попладнево Фабрицио Романо. Најпознатиот светски експерт за трансфери на фудбалери ги објави деталите за трансферот. Јунајтед ќе плати 76,5 милиони евра фиксна отштета на германскиот РБ Лајпциг за словенечкиот напаѓач, со 8,5 милиони потенцијални бонуси.

Вечерва, Шешко ќе отпатува за Англија во друштво на своите менаџери, каде што треба да ги мине лекарски прегледи и да го потпише договорот утре.

Словенецот ќе потпише договор до 2030 година, а износот на платата што ќе ја заработува сè уште не е познат.

Шешко, инатата сезона постигна 21 гол за германскиот бундеслигаш на 45 настапи, вклучувајќи четири гола во Лигата на шампионите. Тој веќе има 41 настап за словенечката репрезентација и постигнато 16 гола.

Да ве потсетиме, Рубен Аморим и Јунајтед веќе некое време составуваат нов напад на „Олд Трафорд“. Претходно во овој преоден рок пристигнаа Брајан Мбеумо од Брентфорд и Матеус Куња од Вулверхемптон, секој за 75 милиони евра отштета. Вкупно, Јунајтед инвестираше околу 225 милиони евра во формирање на ново напаѓачко трио.